• Народен театар

    Новиот театар, лоциран на левиот брег на реката Вардар во Скопје, е изграден врз темелите на стариот театар кој беше урнат во земјотресот во 1963 година. Позициониран на вкупно 7200 метри квадратни, поделен на две сали со вкупно 937 седишта.

    Народен театар
     
  • Меморијален центар на холокаустот и евреите во Македонија

    На 10 март 2011 во Скопје свечено беше отворен Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, кој по Израел, Вашингтон и Берлин е четврт таков од овој тип во светот.Музејската зграда на Холокаустот именувана како Меморијален центар, е составена од две крила со по три спрата.

    Меморијален центар на холокаустот и евреите во Македонија
     
  • Музеј на ВМРО и Македонската борба

    Лоциран во Скопје, главниот град на Република Македонија, од левата страна на реката Вардар. Изградбата на музејот започна на 11ти Јуни 2008 година, и беше отворен за јавноста на дваесетата годишнина од прогласувањето на независност на Република Македонија, на 8ми септември 2011 година.

    Музеј на ВМРО и Македонската борба
     
  • Хидроцентрала „Матка“

    Освен објекти кои спаѓаат во високоградба и нискоградба, нашата компанија има изведено и хидрообјекти, еден од нив е хидроцентралата „Матка“ која се наоѓа во канјонот Матка близу Скопје.

    Хидроцентрала „Матка“
     
  • Хотел-казино „Фламинго“

    Комплексот е лоциран веднаш до границата меѓу Грција и Македонија, сместен на повеќе од 30 000 метри квадратни и 12 000 метри квадратни градба.

    Хотел-казино „Фламинго“
     

Гаранција за високиот квалитет и беспрекорно изведените работи од страна на Бетон-Штип се вредните и искусни работници, 18 инженери, 10 техничари и други високо стручни кадри кои се вклопени во бројката од над 200 вработени.

Модрените градежни машини и опрема, кои секојдневно се заменуваат со посовремена, се битен фактор за постигнување на висок квалитет и запазување на динамиката.

Вредните работници на Бетон се вклучија во сите полиња на изградбата на нашата земја, почнувајки од индустриски, стембени објекти, училишта, болници, мостови, брани и многу други во скоро сите градови во Македонија.

Градејки, Бетон – Штип и самиот го градеше својот препознатлив начин на градење не само во Македонија, туку и во многу други градови во Чешка, Словачка, Германија, Ирак, Либија, Бугарија, Украина, Русија, Узбекистан и Казахстан.