За нас

zanasГрадежното трговско друштво Бетон – Штип а.д. Штип е акционерско друштво кое успешно егзистира веќе половина век. Бетон-Штип дизајнира и изведува објекти од највисок квалитет во сите полиња во градежништовото.

По трансформацијата на Друштвото за градежништво Бетон а.д. Скопје во 1995 во 10 нови подружници, базирани на територијален принцип, Бетон – Штип егзистира како самостојна компанија. Нашите работници имаат земено дел во изградбата на нашата држава – Република Македонија, вклучувајки инустриски, стамбени објекти, училишта, болници, мостови, брани и многу други градби. По растежот на домашниот пазар, Бетон – Штип почна да ги превзема дури и најкомплицираните градежни работи во странство, и тоа: Чешка, Словачка, Германија, Ирак, Либија, Бугарија, Латвија, Украина, Русија, Казахстан и Узбекистан.

Искажаното задоволство на клиентите во врска со експедитивноста и квалитетот на извршените работи, е секогаш голема награда за нас. Фактот што ние сме присутни на пазарите надвор од Република Македонија повеќе од 30 години, ја потврдува довербата која сме ја стекнале со годините.

На годишното акционерско собрание одржано на 21.12.2012 година, од компанија со двостепен систем на управување се трансформиравме во компанија со едностепен систем на управување. На 24.4.2012 во Одборот на Директори за членови  беа избрани: Зоранчо Митровски за претседател на одборот, Ванче Мијалчев за извршен директор, Валентина Димовска, Тодор Мирчевски и Цветан Панделески за неизвршни членови.

На ден 23.05.2014 година, на одржаното Собрание на акционери, за членови на Одбор на директори на местото на Валентина Димовска беше избран Јордан Камчев како независен неизвршен член, и на местото на Цветна Панделески, беше избран Дејан Панделески како неизвршен член на Одборот на директори на ГТД Бетон Штип а.д. Штип. Односно новиот состав на Одборот на директори на ГТД Бетон Штип а.д. Штип е следниот: Зоранчо митровски за претседател на одборот, Ванче Мијалчев за извршен директор, Јордан Камчев, Тодор Мирчевски и Дејан Панделески за неизвршни членови.